|

МИЦКОСКИ МУ РЕКОЛ НА ХАН ДЕКА ЌЕ СЕДНЕ НА ЕДНА МАСА СО ЗАЕВ, АКО СЕ ОДРЕДИ ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со еврокомесарот Хан истакнал дека услов за нова лидерска средба и дијалог со власта за повеќе прашања е одредување на датум за предвремени парламентарни избори како начин за враќање на процесите на вистинскиот правец и обезбедување на европска иднина за Република Македонија.

Мицкоски исто така изразил загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за преговори како и поради отсуството на волја кај владата во справувањето со  растечкиот криминал, скандалите и висока корупција која е присутна во највисоките ешалони на власта.

„Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина“ – вели Мицкоски.

Тој истакнал дека немањето на волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал се гледа и во предлог законот на премиерот Заев за организирање на обвинителството каде наместо непристрасна борба против корупцијата се нудат решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци и заштита на криминалот.



Слични Објави