13 ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ СО НЕТО ПЛАТИ ОД РЕЧИСИ 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЛЕДАТ ЗА УПОТРЕБАТА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

//

Новата Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Северна Македонија објави оглас со кој вработува 13 државни службеници на различни позиции.

Во огласот се бараат по еден државен советник за преведување и лекторирање. Пишува дека е предвидено за тие позиции нето-платата да биде 37.968 денари.

Се бараат и државен советник за соработка со Владата и односи со јавност за иста плата од 37.968 денари.

Останатите позиции се: раководители на секторот за поддршка на директорот за плата од 36.930 денари, раководител на секторот за планирање, координација и развој, раководител на сектор за превод и лекторирање, на одделението за соработка со Владата, на одделение за превод, раководител на одделение за лекторирање…



Со огласот се бараат и советник за следење, унапредување и заштита на примената на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, соработник за следење, унапредување и заштита на примената на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, помлад соработник за информатичка поддршка, помлад соработник за соработка со Владата.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЈАПОНЦИТЕ ИСТОПИЈА 80.000 ТОНИ ЕЛЕКТРОНИКА ОД МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ГИ НАПРАВИЈА СИТЕ МЕДАЛИ ЗА ОИ 2020

Следна статија

МИЦКОСКИ МУ РЕКОЛ НА ХАН ДЕКА ЌЕ СЕДНЕ НА ЕДНА МАСА СО ЗАЕВ, АКО СЕ ОДРЕДИ ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ

Најново од Вести