ЈАПОНЦИТЕ ИСТОПИЈА 80.000 ТОНИ ЕЛЕКТРОНИКА ОД МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ГИ НАПРАВИЈА СИТЕ МЕДАЛИ ЗА ОИ 2020

//

Јапонија веќе преработи речиси 80.000 тони мобилни телефони и друга електроника за да направи медали за Олимпијадата и Параолимпијадата во Токио во 2020 година.

Организаторите на „Токио 2020“ собираа стара електроника во изминатите две години и извадија доволно метал за околу 5.000 олимписки и параолимписки златни, сребрени и бронзени медали.

Според извештајот на организаторот, од тие 80.000 тони електроника извадени се 32 килограми злато, 3.500 килограми сребро и 2.200 килограми бронза (бакар и цинк).



Јапонците, инаку, стариот електронски отпад најмногу го користат за создавање нови уреди.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ПАНЧЕВСКИ СЕ ОПРЕДЕЛИ КАКО СИМБОЛ НА ПРОГОНОТ НА ВЛАСТА, КОЈ ГО РАЗОТКРИЛ КРИМИНАЛОТ ВО СЈО

Следна статија

13 ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ СО НЕТО ПЛАТИ ОД РЕЧИСИ 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЌЕ СЛЕДАТ ЗА УПОТРЕБАТА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

Најново од Вести