ЕВЕ ОД КОГА БЕЗ КАМАТА МОЖЕТЕ ДА ГО ПЛАТИТЕ ВАШИОТ ЗАОСТАНАТ ДОЛГ КОН ВОДОВОД

Од 2 ноември до 15 ноември граѓаните кои имаат заостанати долгови кон јавното претпријатие „Водовод и канализација” ќе можат да ги исплатат без каматата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката ќе престане да важи.

„ЈП Водовод и канализација- Скопје, имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните. Имено, секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот“, се наведува во денешното соопштение.