ПАНЧЕВСКИ СЕ ОПРЕДЕЛИ КАКО СИМБОЛ НА ПРОГОНОТ НА ВЛАСТА, КОЈ ГО РАЗОТКРИЛ КРИМИНАЛОТ ВО СЈО

//

Суспендираниот судија и поранешен претседател на Кривичен суд Владимир Панчевски во интервју за „Фокус“ се определи како симболот на прогонот на власта врз правосудниот систем.

-Видете јас сум симбол на прогонот на власта врз правосудниот систем кој го отворија како пупка, јас сум симболот со кој се разоткри криминалното работење на Катица Јанева и Ленче Ристоска уште пред две години со претресот врз мене и кражбата на клучот. Веројатно некој, но најповеќе народот го препознал тоа! – изјави Панчевски.



Од Фокус потсетуваат дека против Панчевски е инаку покренато обвинение за злоупотреба на АКМИС системот за распоредување на предмети кај судии во Кривичниот суд. Според обвинението Панчевски се товари дека влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.



Претходна статија

НАЈЧЕВСКА: ЛАГА Е ДЕКА ИЗВРШИТЕЛИТЕ СЕ ЈАВНИ СЛУЖВЕНИЦИ

Следна статија

ЈАПОНЦИТЕ ИСТОПИЈА 80.000 ТОНИ ЕЛЕКТРОНИКА ОД МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И ГИ НАПРАВИЈА СИТЕ МЕДАЛИ ЗА ОИ 2020

Најново од Вести