|

Апсења во Прилеп – меѓу уапсените и поранешни функционери

По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција почна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница. 

Според неофицијални информации приведени се 27 лица, а меѓу уапсените има поранешни директори и високи функционери, а извршени се и претреси во повеќе домови. 

Неофицијално едно од осомничените лица било хоспитализирано во прилепската болница поради влошена здравствена состојба. Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек. 



Слични Објави