Арсовска ќе бара објаснување од МВР за денешната сообраќајна гужва во Скопје

/

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска реагираше по повод денешниот сообраќаен хаос во градот во попладневните часови. Според неа, да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно.

-Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови. Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос, потенцира Арсовска.

Денеска скопјани беа огорчени поради тоа речиси три часа Скопје беше блокирано со колони возила кои стоеја во место речиси еден час.

Семафорите на дел од крстосниците беа исклучени, а сообраќајот го регулираше сообраќајна полиција.



На раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка“ попладнево се случи и сообраќајна незгода во која четири лица се повредени. Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР.

Претходна статија

Владата ја донесе Стратегијата за здравство 2021-2030

Следна статија

(Видео) Билјана Ангелова: Жените жртви на домашно насилство имаат потреба од храброст и институции кои ќе стојат позади нив

Најново од Вести