| |

АСМЛ СО ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ: КОЛЕГИ ДЕЖУРАТ БЕЗ ПАРИ, РАБОТАТ ВО ЈАВНО ЗДРАВСТВО, А НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Aсоцијацијата на млади лекари и специјализанти денеска ги потсети здравствените власти во земјата за тешките и мизерни услови во кои работат македонските лекари и останати медицински работници. Во својата порака до власта, тие потенцираат дека ќе продолжат, да потсетуваат за своите проблеми без разлика на тоа кој е на функција:

„Потсетување до здравствените власти: 
Медицински факултет трае најмалку 6 години ( од 1до 6 илјади евра за школарина), пола година неплатен стаж за лиценца (плус државен испит 500 евра), едукации за ре-лиценцирање + трошоци кон ЛКМ (7 години по околу 1000 евра), евентуално приватна специјализација ( 4-6 години, до максимум 13000 евра) , докторат( освен ретки исклучоци што плаќаат како Институти) чинат 3 години и најмалку 5 000 евра само за факултет итн , итн…

Односно секој доктор што работи во државава инвестирал најмалку 8 години во формално образование ( 20 тина години е просекот на Клиника) и најмалку 10тина илјади евра( за некои над 20000 евра), а материјална еквиваленција на стресот, непроспиените ноќи и останати саможртви на жалост не е можна.

Да ве потсетиме дека колеги сеуште дежураат без пари, работат во јавно здравство ( и приватните специјализанти ) а немаат здравствено и социјално осигурување, колеги специјализираат во Скопје без додаток за одвоен живот, повикувани често во матичните установи. Се поништуваат решенија за специјализации во Прилеп , а во Струга се местат конкурси. За Дебар се надеваме дека веќе сте поднеле пријави. Да ве потсетиме дека изгубивте цел тим за детска кардиохирургија, а поединци секој дневно го напуштаат јавното здравство. Да ве потсетиме дека не се укинати временските рамки за договорите на кофинансираните специјализанти.Млади матични лекари работат во минус од основни трошоци, нема матични гинеколози во цели општини. Рурални доктори стануваат реткост. Вие веќе си знаете за состојбата со човечкиот потенцијал и старосната граница низ државава. И дека си ја направивте ЛКМ домашно милениче со функции во јавно здравство. 
Да потсетиме да не испадне дека не сме рекле. 
Ќе ве потсетуваме, било кој да сте“, стои во соопштението на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.



Слични Објави