АВСТРИЈА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ НА СВОИТЕ ГРАНИЦИ

Резервистите веќе ги презеле своите задачи на границата со Словенија, јавуваат словенечките медиуми повикувајќи се на извори од Австрија и додаваат дека ова е првпат по Втората светска војна во чувањето на границите да е вклучена војската.

Оваа мерка Австрија ја презема поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот и нелегалните миграции.

Резервистите на полицијата ќе ѝ помагаат и на границите со Словачка и со Унгарија, и тоа во спроведување на безбедносните задачи во областите во кои пристигнуваат емигранти или постои ризик од ширење на заразата со коронавирусот.

Резервната војска би требало да биде распоредна на теренот, во зависност од развојот на ситуацијата, околу два месеци, наведуваат словенечките медиуми.

Дали резервистите и по тие два месеци ќе продолжат да ги надгледуваат границите ќе зависи од развојот на ситуацијата со пандемијата, порача министерката за одбрана на Австрија Клаудија Танер.