АВСТРИСКИ ИСТОРИЧАР ГИ НАРЕЧЕ СМЕШНИ БАРАЊАТА НА БУГАРИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

//

За прашањето дали Македонија ѝ припаѓа на ЕУ или не, корените на нејзината државност и староста на нејзиниот национален идентитет и јазик се тотално небитни. Австријците не постоеја како посебна нација пред 1945 година и сега се среќни Европејци, а Германија не наметна никакви барања Австријците да ја преработат својата историја пред да влезат во ЕУ.

Така што, сегашниве барањата на Бугарите околу историјата се смешни и значат напад на слободата на изразувањето“, вели во интервју за Независен познатиот австриски историчар Улф Брунбауер, кој предава историја за Источна и Југоисточна Европа на Универзитетот во германскиот град Регенсбург. Тој е и академски директор на Институтот Лајбниц за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург.

Околу различното толкување на историските настани Брунбауер вели дека „не станува збор за објективна вистина, туку за разбирање на вистината на другата страна. Не им штети на Македонците ако Бугарите сметаат дека Мисирков е Бугарин, и не им прави никаква штета на Бугарите ако Македонците тврдат дека Делчев бил Македонец“.



Во своите истражувања тој е фокусиран на социјалната историја на Балканот во 19 и 20 век и градењето на нациите. Во делото „Древната националност и вековната борба за државност: историографските митови во Република Македонија“, Брунбауер прави пресек на историјата на македонската нација.

Претходна статија

ВИРУСОТ ОСТАНУВА 8 МИНУТИ ВО ВОЗДУХОТ, НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА НОВ НАЧИН НА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА КОРОНАТА

Следна статија

МАЛИШЕВА ОД ЌЕЛИЈАТА ВО ИДРИЗОВО: НЕ НИ БЕШЕ ЗА ПАРИ, НАСЕДНАВМЕ НА НАЦИОНАЛИСТИЧКАТА РЕТОРИКА НА АЛИ АХМЕТИ

Најново од Вести