ЗАЕВ ЈА ПРЕФРЛИ ОДГОВОРНОСТА КАЈ МИЦКОСКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ПРАВОСУДСТВОТО ОД СТЕГИТЕ
„Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што ѝ донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирања и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите“- изјави премиерот Заев во своето видео обраќање посветено на случувањата околу СЈО.