|

Азески: Струјата ќе не „дрма“ во наредниот период

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески смета дека порастот на цените на суровините во изминатиот период, но и порастот на влезните елементи кои ја креираат производната цена на електричната енергија се иницијалната каписла за моменталните берзански цени кои достигнуваат до 185 евра за мегават час. Во соопштението до медиумите, тој вели дека се чини дека ова што ќе ни се случи е континуитет на кризата што започна 2008 година.

„Поточно кажано, таа и не престанала во изминативе 13 години бидејќи како на трака се редат проблеми еден за еден. Најновиот се вика проблем со снабдување со електричната енергија. Деновиве сум пренатрупан со писма од компаниите членки на Комората на кои им се откажуваат договорите за снабдување, уредно потпишани, навреме договорени, кои го рушат основниот принцип на нашата работа, а тоа е предвидливоста. Енормниот пораст на цените на суровините во изминатиот период, но и порастот на влезните елементи кои ја креираат производната цена на електричната енергија се иницијалната каписла за моменталните берзански цени кои достигнуваат до 185 евра за мегават час“, вели Азески.

Тој посочува дека цената на електричната енергија на берзата за енергија во Будимпешта (HUDEX) за последните 12 месеци порасна, од 57 евра за мегават час на 1.01.2021 година, до 138 евра за мегават час на 27.09.2021 година.

„Според сите релевантни информации со кои располагаме, причина за ова се: зелената агенда во Европа и намалувањето на енергијата произведена од јаглен; релативно ниското производство од ветерните централи во Европа; брзиот пораст на пазарите во изминатиот квартал и енормниот пораст на цената на природниот гас на светските берзи, вели Азески. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави