Б. ДИМИТРОВСКА: ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПРЕКУ СОВЕТНИК ВО ВЛАДАТА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ?!
„Spase Dodevski советникот на Заев со закани кон мене СПАСЕ НЕ МЕ ПЛАШИШ ‼️‼️Советник во кабинетот на Заев-неповратниот премиер, советникот токму за лицата со попреченост во Владата, во улога на курирче, ми пренесе,, поздрав”од Венко Филипче..ова како закана да го сватам? океј Спасе, јас тужба на Тричковски, а Филипче на мене.. дил??“, напиша на својот личен facebook профил Бранкица Димитровска, претседателка на невладината организација „Хендикеп Плус“ и активист за правата на лицата со попреченост.
Повиканиот во постот на Димитровска, Спасе Додевски инаку е национален координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост и советник на премиерот за образование, социјална и здравствена заштита и институционален систем за лицата со попреченост.
Во коментар под постот на Димитровска, Додевски негира дека и се заканува и тврди дека ја „повикува на конструктивност“.


