(Видео) Станков: За да се срушат ѕидовите помеѓу Скопје и Софија треба да стигнеме до национално помирување

///

,,Треба да стигнеме до некакво национално помирување. За да можат да се срушат ѕидовите прво треба да ни биде јасно и треба да го кажеме тоа чесно кој, кога, како и зошто , ги изгради тие ѕидови”, изјави психологот и доктор по политикологија Георги Станков, во емисијата Hyde Park на порталот Трибуна.

Според Станков, општеството во РС Македонија треба да расчисти со голем број табуа поврзани со крвавата расправа врз Бугарите во Македонија од средината на 40-тите до средината на 50- тите години.

,,Омразата, табуата и ѕидот меѓу нас треба да имаат политичко решение”, изјави психологот и политикологот Георги Станков.

Во вториот дел од емисијата ,,5 минути со Владимир Перев”, главниот уредник на Hyde Park Владимир Перев го покажа гробот и зборуваше за подвигот на големиот војвода на ВМОРО, Никола Каранџулов.
Погледнете ја втората емисија на Hyde Park во видеото што следи:





Претходна статија

ЈСП: Голем интерес кај граѓаните за вратените ноќни линии

Следна статија

Просечната нето плата во ноември била 29.130 денари

Најново од Вести