|

Хоџа: 5 години Национален парк Шар Планина – развој, но во хармонија со природата

По повод петгодишниот јубилеј од прогласувањето на Шар Планина за Национален парк, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа беше во посета на Националниот парк, од каде најави нови инвестиции и системски мерки за заштита.

Министерот истакна дека во изминатите пет години е поставен модерен и функционален систем за управување со еден од највредните природни ресурси во државата, како резултат на заедничките напори на институциите, локалното население и донаторите.

„Нашата цел е јасна. Развој, но во хармонија со природата. Нема да дозволиме профитот да ја уништи природата”- истакна Хоџа и додаде дека во тек е изработка на Стратегија за туризам за подрачјето на паркот.

Хоџа изрази поддршка за целосна примена на екосистемските надоместоци, со што средствата директно ќе се враќаат во паркот. Овие средства се наменети за почиста животна средина, унапредување на планинската инфраструктура и зајакнување на ренџерските капацитети. ЈУ НП Шар Планина годинава ќе добие дополнителна поддршка од министерството за унапредување на капацитетите за рана детекција и следење на шумски пожари, преку инвестиции во современ објект.

 

Слични Објави