Спасовски: „Боди-камери’ за сообраќајната и граничната полиција за дигитална трансформација
Годинава беше заокружен проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, а кој е комплементарен на дигиталната трансформација на МВР.
– Т. н. боди-камери претставуваат бариера против корупцијата со што практично ги штитиме и граѓаните и полицијата – ги исклучивме човечките субјективности на кои сме научени со години наназад, наведува Спасовски во објавата.
Тој потенцира дека системот на снимање со камери при евентуално направен прекршок, значи неселективност и транспарентност при казнувањето, а секој што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи ќе сноси одговорност.
– Продолжуваме со процесите на дигитализација и сузбивање на корупција, заедно со нашите партнери САД, коишто ја овозможија оваа вредна донација од еден милион и шеесет и една илјада американски долари, проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на САД, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.