| |

Пендаровски му честиташе за преземањето на функцијата на својот бугарски колега Румен Радев

Претседателите на Бугарија и РС Македонија Румен Радев и Стево Пендаровски, разговарале телефонски за подготовките за претстојната официјална посета на шефот на државата на Република Северна Македонија во Софија.

Румен Радев и Стево Пендаровски ја потврдиле подготвеноста за продолжување на активната улога на двете претседателски институции во поддршката на натамошниот развој на билатералната соработка. Во таа насока, двајцата претседатели ја констатирале новата динамика во билатералните односи, која се очекува да ја зајакне довербата меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Телефонскиот разговор се одржал по иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, кој му честитал на Румен Радев за преземањето на функцијата и му посакал успешен мандат, јавуваат од прес-центарот на бугарскиот претседател.

Слични Објави