БАЕР ИМ ПОРАЧА НА ВЕЛИКАНИТЕ: ДАЈТЕ 130 МИЛИОНИ ЕВРА И ХАВЕРЦ Е ВАШ!
Каи Хаверц, младиот фудбалер за врска на германски Баер Леверкузен е еден од младите суперталенти за кого буквално сите европски гиганти се тепаат, па „фармацевтите“ немаат многу дилеми околу иден трансфер, само под еден услов – добро да го одврзат ќесето.
Хаверц е еден од низата извонредни суперталенти како Џејдон Санчо, Ерлинг Халанд, николо Заниоло, Ансу Фати кои во моментов вредат околу 100 милиони евра и за кои се најавува дека е можно да го стресат фудбалскиот пазар веќе на лето.
Сега, според информации на германските медиуми, Баер Леверкузен на сите заинтересирани клубови им порачал дека за 130 милиони евра може веднаш да го земат Хаверц, но „фармацевтите“ нема да попушатат ни за евро помалку. Оваа информација доаѓа откако Ливерпул од Салцбург го купи Такумо Минамино, зашто „црвените“ брзо се откажале од првиот пик Хаверц поради превисоката цена.
За младиот фудбалер за врска, кој сезонава даде три гола на 16 меча досега во Бундеслигата, сериозен интерес има и од Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона…
Извор: Спорт1
