БАКЛАВА СО ЛОКУМ

Подготовка:
1 пакетче кори за баклва
2-3 кутивчиња локум
4 јајца
1/2 чаша шеќер
1/2 чаша масло
1 чаша брашно
1 пециво
1 чаша сецкани ореви

Шербет:
3 чаши шеќер
4 пакетчиња ванила

Подготовка:
Јајцата, шеќерот, маслото, брашното и прашокот за пециво, мешајте ги се додека не добиете густа кашеста маса. Локумот исечете го на парчиња. Земете 2 листови кора и распоредете го локумот во широкиот дел. До локумот ставете ги оревите и потоа остатокот од кората премачкајте го со кашестата смеса. Откако ќе го направите тоа завртете ги листовите кора како ролат. Печете во загреана рерна. Откако ќе се изладат, исечете го ролатот на парчиња и ставете шербет од 3 чаши вода, 3 чаши шеќер и 4 пакетчиња ванила.

На здравје!



Слични Објави