Банско ќе се потопи во магијата на бугарскиот фолклор
На 12 и 13 јули 2024 година во подножјето на Пирин ќе се сретнат љубителите на фолклорот од Бугарија и странство. Специјални гости на Фолк Фест Банско 2024 се групата „Круна“ од Република Северна Македонија и познатата бугарска фолк пејачка Ана-Марија.
Како финале на фолклорната фиеста е планирано големо оро во кое ќе земат учество учесниците во Фолк Фест Банско и гледачите.
Ги покануваме сите почитувачи на традициите и народната уметност да го споделат чувството на припадност кон богатото културно наследство на Бугарија. Концертите ќе се одржат на отворена сцена во центарот на Банско на 12 и 13 јули 2024 година во 19 часот локално време, велат организаторите на фестивалот