| |

Банско привлекува илјадници туристи и во летниот период

Минатата зима бугарското зимско одморалиште Банско го посетиле 190.000 туристи, но целта на локалните жители и администрацијата на градот е летните туристи да бидат во ист број како и љубителите на скијањето. Од 1 мај годинава градот досега го посетиле 55 илјади туристи. Ова за БНР-Радио Софија го соопшти градоначалникот на Банско, Стојчо Баненски.

Во моментов во планинското туристичко место се одржува познатиот џез фестивал, но културната програма продолжува и по овој викенд. Од средината на август ќе има денови посветени на бугарската музика, потоа за септември е закажан Банско опера фест, кулинарски фестивал и Пирин ултра, а подоцна наесен, ќе се одржи и филмски фестивал.

Покрај тоа, градот е меѓу светските хитови за дигиталните номади, додава Баненски. Во локалното училиште посетуваат настава деца од 8 националности.

„Во Банско не се раѓаат многу деца, но многу Бугари и странци живеат постојано живеат во градот“.

Градоначалникот не молчи за предизвиците – и сеприсутни и специфични.

Но, со финансирање на проекти и со сопствени ресурси се подобрува градската инфраструктура, се обновува осветлувањето и ознаките на патиштата, се доделуваат нови паркинг места, а клучната улица Пирин целосно ќе се реконструира.

Здравствените ординации и служби се реновираат, но општината има потреба од општи лекари, а градоначалникот ветува добри услови за оние кои ќе дојдат да практицираат општа медицина во градот.

Слични Објави