Барса без Меси против Малага!

Екипата на Барселона денес соопшти дека Лео Меси не е во комбинацијата за натпреварот против Малага. Во прашање се приватни причини, јавноста претпоставува дека се работи за семеен проблем кој можеби е поврзан со апсењето на неговиот брат Матијас иако е тешко да се поверува во тоа.

Mногу веројатно е дека се работи за породување на неговата сопруга Антонела, но сѐ уште ништо не е официјално потврдено. Иначе Малага е тимот против кој Меси го постигна првиот хет-трик во кариерата.

Извор: Sportski.mk



Слични Објави