БАРСА ПРОЦЕНИЛА ДЕКА ЛАУТАРО НЕ Е НИВЕН КАЛИБАР, А СЕГА ЌЕ ПЛАТИ – 100 МИЛИОНИ ЕВРА!

Шпанскиот шампион Барселона бара замена за Луис Суарез за прв напаѓач на тимот и се погласно се најавува дека Каталонците ќе ја активираат откупната клаузула од 111 милиони евра за аргентинскиот репрезентативец, кој игра извонредно во Интер.

Мартинез во Интер дојде за 25 милиони евра од Расинг, а сезонава експлодира со 13 гола и три асистенции на 21 меч, па многу брзо го сврте вниманието на великаните кон себе, а посебно на Барселона, која бара долгорочно добро решение за нападот, зашто Суарез, кој веќе влезе во сериозни години, нема да може да игра уште долго на врвно ниво.

Но, кога станува збор за Лаутаро, Барселона го имала во рака пред две години, но Каталонците тогаш процениле дека Аргентинецот не е капацитет и потенцијал за нивиот клуб. Одлуката ја донел тогашниот директор Пеп Сегура, ја одбил опцијата за 20-на милиони евра да го купи со образложение дека не е калибар за Барса, иако од скаутите на каталонската гордост, Лаутаро добил извонредни препораки. Роберт Фернандез и Урбано Ортега биле скаутите кои ги препорачале Мартинез, откако тој дал 18 гола на 27 меча.

Но, Сегура ја одбил таа опција и не бил наводно убеден дека Лаутаро е толку добар, па Интер година дена подоцна за 25 милиони евра го ангажираше, а сега Барселона ќе мора да даде повеќе од четирипати за да го донесе. Откупната клаузула му е на 111 милиони евра.

Извор: Спорт1



Слични Објави