БАТЕ БОЈКО РАСПОРЕДИ: ОД СОФИЈА ДО БУРГАС ЌЕ СЕ ПАТУВА ЗА 3 ЧАСА СО ИНТЕРНЕТ И КЛИМА ВО ВОЗОВИТЕ
Бугарскиот премиер Бојко Борисов му нареди на министерот за транспорт Росен Жељазков да започне реновирање на железничката пруга Софија-Бургас.
„На најбрз начин да се реновира железничката пруга Софија-Бургаз за луѓето да можат да ја користат најдобрата услуга. Ние го ветивме тоа и го исполнуваме. Тогаш ќе можеме да им речеме на луѓето: „Излезете од автомобилите, влезете во возот, ќе одите во Бургас за три часа; сè е средено – интернет, климатизација, брз, удобен, нов, чист. Барам тоа да се случи што е можно најбрзо!“, распореди бугарскиот премиер.
Проектот ќе стане реалност, откако ќе почне концесијата на Софискиот аеродром. Со парите од концесијата ќе се финансира реновирањето на железниците.