| |

БДЖ ги пушта во сообраќај првите два електрични возови „Алстом“

Бугарските државни железници (БДЖ) од 1 септември ги воведуваат во редовен сообраќај првите двa нови електрични возови Alstom Coradia Stream, кои ќе сообраќаат на линиите Пловдив – Свиленград, Пловдив – Асеновград, Свиленград – Софија и Софија – Перник, јавува БГНЕС.

Првото патување е предвидено на релацијата Пловдив – Свиленград, со поаѓање од Пловдив во 5:30 часот.

Договорот на бугарското Министерство за транспорт и врски со конзорциумот BULEMU предвидува испорака на 35 електрични возови со нулта емисија и нивно одржување во период од 15 години, со средства од Планот за закрепнување и одржливост.

Секој воз има шест вагони, 325 седишта и максимална брзина од 160 километри на час. Возовите се опремени со климатизација, информациски системи, електрични и USB-приклучоци, видеонадзор и системи за безбедност, а приспособени се и за лица со намалена подвижност.

Новите возови ќе носат имиња на реки, водопади и извори во Бугарија, а преку QR-код патниците ќе можат да добијат информации за природните знаменитости по кои се именувани.

Слични Објави