Бектеши: Северна Македонија е на линија со енергетските политики на ЕУ

/

Министерот за економија на Република Северна Македонија, Крешник Бектеши изјави дека актуелната македонска Влада е целосно на линија со реформите и со политиките на Европската комисија во врска со енергетската транзиција и зелената агенда, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во своето обраќање на меѓународната конференција „Самит на земјите од Западен Балкан 2022, градење мостови за мир, напредок и солидарност“, што во организација на „Економист“ и Владата на Косово денеска се одржува во Приштина, Бектеши рече дека државата доследно ги имплементира сите нови европски одредби во однос на енергетиката и заштитата на животната средина.

– Северна Македонија е првата земја членка на Енергетската заедница која што изработи Национален план за енергија и клима кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност . Министерството за економија како креатор на политиките за енергетика со усогласување на Законодавството во областа на енергетиката создава основа за развој на енергетиката и енергетска транзиција. Стратешкото планирање на политиките и идните чекори ќе допринесат за навремено и правилно постигнување на зацртаните цели, рече Бектеши.

Тој истакна дека Северна Македонија е целосно на линија со реформите кои се преземаат и со политиките на Европската комисија во врска со енергетската транзиција и зелената агенда, имајќи предвид дека во последните пет години, покрај транспозицијата на легислативата на Европската унија и директивите, започна и да ги имплементираме тие одредби, со цел да ја заштити животната средина и да ја зголеми безбедноста кога станува збор за енергијата.

Говорејќи за подготовките кои ги презела македонската влада за менаџирање на актуелната енергетска криза, Бектеши посочи дека Северна Македонија има закон за енергетска ефикасност, кој се заснова на сите европски директиви, а ги исполнуваме и е во процес на исполнување на обврските кои ги презела како полноправна членка во енергетската заедница.

– Решавањето на енергетската криза не е лесна работа. Да потсетам дека е тоа глобална криза, со најголемо влијание на европскиот континент и треба да имаме предвид дека сме Европејци, не само по традиција и култура, туку и интегрирани како територија, бидејќи сме целосно интегрирани кога станува збор за линиите на трансимисија на енергијата, како и на инфраструктурата, наречена критична инфраструктура. Ние ќе работиме интензивно за да ги зголемиме и интензивираме сите овие линии, со цел да не бидеме зависни од Русија или од било кој, рече Бектеши.

Тој им забележа на енергетските политики на ЕУ во последните години, оценувајќи ги како погрешни, затоа што инвестициите главно биле упатувани на северот на европскиот континент, занемарувајќи го Западен Балкан.

– Иако Грција и Бугарија се полноправни членки на ЕУ, на извесен начин Западен Балкан беше помалку поддржан кога се работи за критичната инфраструктура, рече Бектеши.

Државата, додаде тој, е во последна фаза на диверзификација на енергетските извори, посебно кога станува збор за природниот гас.

– Тестирањето на пазарот со Република Грција е завршено и последната инвестициска одлука ќе се донесе многу бргу. Значи проектот со Грција е речиси завршен, а наскоро ќе почнеме со изградба на нов интерконектор со капацитет од 2,8 БЦМ, информира Белтеши.



Природниот гас, рече министерот за екониомија, „секако се смета за фосилно средство, но треба да се има предвид дека мнозинството земји, вклучително и државите на ЕУ, се потпираат главно на лигнит и јаглен“.

– Не е лесно да се изврши транзицијата толку бргу, бидејќи нашите земји сме ги довеле во позиција на целосна зависност од увозот на енергија, но и од други извори, така што ќе започнеме со изградба на интерконекторот, што поскоро е можно, на крајот на годинава, и ќе завршиме за 14 месеци, со цел да го диверзификуваме снабдувањето и да привлечеме што повеќе инвестиции, посебно кога станува збор за термоцентралите или електричните централи кои функционираат со природен гас, рече Бектеши.

Генерално, рече тој, Северна Македонија ги поддржува процесите на декарбонизација во ЕУ и целосно е усогласена со европската легислатива.

– Очекуваме поддршка од ЕУ кога се работи за финансиски средства за забрзување на сите тие проекти кои би ја намалиле зависноста и би ја зголемиле безбедноста на снабдувањето, не само за нашата земја, туку и за целиот регион, а зошто не и како линија, или рута која би се користела за снабдување и на земјите на ЕУ, рече Бектеши.

Според него, Северна Македонија е пионер во Западен Балкан кога е во прашање поддршката што им ја нуди на инвеститорите, било јавни или приватни, во однос на обновливите извори.

– Ќе ги поканиме и другите земји за обединување на пазарите, со цел да имаме интеграција на генерирањето на неколку извори. Значи, каде што ни треба електрична енергија, тие што имаат хидро-капацитети би увезувале и би ги обединиле пазарите, рече Бектеши.

Претходно на конференцијата во Приштина се обратија македонскиот вицепремиер Фатмир Битиќи и заменикот министер за финансии, Филип, а свое обраќање ќе има и министерот за информатичко општество, Адмирим Алити.

Еднодневниот самит претпладнево го отвори косовскиот премиер, Албин Курти, а покрај неколкуте министри во Владата на Косово, на конференцијата учествуваат и над дваесет домашни и странски експерти и раководители на организации и институции од областа на безбедноста, економијата, финансиите, технологијата, животната средина итн., како и претставници на дипломатскиот кор.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Министерот Бесими утре во работна посета на Брисел, на средби со еврокомесарите Хан и Џентилони

Следна статија

Во Вашингтон дијалог за стратешко партнерство меѓу Албанија и САД

Најново од Вести