|

Белата куќа: Когнитивниот тест не е неопходен за Бајден

Когнитивниот тест не е неопходен за американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер по жестоката јавна дебата за здравјето на актуелниот американски претседател.

„Тој знае како да се опорави“, рече портпаролката на прес-конференција, по неодамнешниот разочарувачки настап на Бајден во дебатата против републиканецот Доналд Трамп.

Тој настап беше означен како катастрофален.

Портпаролката на Белата куќа додаде дека нема апсолутно ништо скриено за здравјето на Бајден (81).

Лојд Догет, претставник на Американската демократска партија од Тексас, претходно денеска го повика Бајден да се повлече од трката за претседателските избори, по споменатата ТВ дебата со Трамп.

Од друга страна, високата функционерка на демократите, Ненси Пелоси денеска оцени дека е легитимно да се поставуваат прашања за здравствената состојба на Бајден, кој подолго време е под лупа на јавноста.

Слични Објави