Бензините и дизелот остануваат со иста цена

/

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука според која цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Согласно одлуката, ќе се зголеми само малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  за 2 денара по литар.

Така, од 21.4.2022 година на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 81,50 (денари/литар)

бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 83,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,50 (денара/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денара/литар)



Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.4.2022 година.

„Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, наведуваат од Комисија.

Извор: Temite

Претходна статија

Николовски: Домашните количини на сончоглед ги ставаме на располагање за домашните капацитети

Следна статија

„Блумберг“: Упатени извори стравуваат дека Путин би можел да употреби нуклеарно оружје

Најново од Вести