|

Бензините и дизелот поевтинуваат

Бензините и дизелот од вечерва на полноќ ќе се продаваат поевтино за 2, односно за 2,5 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за два денари по литар, и ноќеска на полноќ ќе изнесува 93,5 денари. Исто за два денари за намалува и цената на ЕУРОСУПЕР 98, и ќе се продава по 96 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,5 денари, и ќе изнесува 93 денари.

За три денари се намалува цената на екстра лесното масло, и според новата цена ќе изнесува 91 денар.
Цената на мазутот останува непромената, и ќе се продава по 53,3 денари.

Слични Објави