|

БЕСА: Предлогот на Османи за нов „Рамковен договор“ за ЕУ е проект за политичко профитерство

Движењето БЕСА предлогот на шефот на дипломатијата Бујар Османи за нов „рамковен договор“ за ЕУ помеѓу партиите на власт и опозицијата го сметат како проект за политичко профитерство. Од ова партија во изјава за „Локално“ велат дека на државата и треба „рамковен договор“ за борбата против корупција и криминал.

-Движењето БЕСА нема никакви дилеми околу евро-интеграциската ориентација на државата така да нашата заложба одтанува константна и непроменета во таа насока и секако нема да дозволиме политичко профитерство од страна на власта преку вакви иницијативи. На државата и треба „рамковен договор“ за борбата против корупција и криминал каде што Владата воопшто не е ангажирана, се друго е само политичка фарса за добивање на дневни политички поени од страна на власта, изјави за „Локално“, Фарук Авдиу – портпарол на Движењето БЕСА.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави