|

БЕСПЛАТНО ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19 ЗА СТУДЕНТИТЕ И МАЛОЛЕТНИЦИТЕ ВО СРБИЈА

За студентите и за малолетниците во Србија тестирањето на коронавирус кога ќе сакаат да патуваат во странство или да излезат од самоизолација ќе биде бесплатно, одлучи Владата.

Сите останати граѓани на сопствено барање ќе може да направат ПЦР тест за 6.000 динари.

„Студентите и сите помлади од 18 години ќе може да се тестираат бесплатно за да прекинат самоизолација или доколку сакаат да патуваат во странство, а потребен им е негативен ПЦР тест. За сите останати, тестирањето на нивно барање ќе чини 6.000 динари“, соопшти српската Влада.

Извор: Макфакс



Слични Објави