ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ СПРОВЕДУВА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ЗА КОВИД-19
Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за ковид-19 со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот, пренесува Плусинфо.
Одговорите на граѓаните ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус. Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и финансирана е од Светската здравствена организација, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Прашалникот може да се пополни на следниов линк: