|

BETTOFF BRAND- ИНСПИРИРАН ОД СЛОБОДАТА НА СТИЛСКОТО ИЗРАЗУВАЊЕ!

Нов бренд се појави на пазарот, младите модни креатори Натали и Костадин Бетоф раскажуваат приказни преку своите дизајнерски парчиња.

„За нас модата од секогаш била страст, но бидејќи тешко наоѓавме модерни,
стилски парчиња од природни и органски материјали, се решивме да ги создадеме.
Нашиот бренд е инспириран од слободата на стилското изразување“, изјави за порталот Трибуна, Костадин Бетоф.

„За нас, модата и себеизразувањето немаат граници.
Наоѓаме убавина во секого, и затоа креираме за сите“, додаде Бетоф.

Моделите на Bettoff brand се живописни, кул, уникатни и, пред сѐ, пријатни за носење поради природните материјали од кои се изработени.

„Преку Bettoff brand ние сакаме да споделиме приказна, која постои во секој дизајн одделно. Ќе забележите дека секој производ носи свој патент, а со тоа нашиот бренд живее во свој уникатен свет“, изјави Натали Бетоф.

Слични Објави