БИДЕТЕ ХУМАНИ- ДАРУВАЈТЕ КРВ

Денеска на 21 мај 2018 година, од 09:00 до 17:00 часот, ќе се одржи голема хуманитарна крводарителска акција во организација на Општина Карпош. Локалната самоуправа во соработка со општинскиот Црвен крст и Заводот за трансфузиологија на Македонија, оваа акција ќе ја спроведе на две локации: спортската сала во ООУ „Лазо Трповски“, во населбата Карпош 3, како и во урбаната заедница Влае 1.

 Општина Карпош е позната како една од најхуманите Општини. Голем број граѓани-карпошани, вработени во општинската администрација, вработени во општинските основни училишта и детски градинки, несебично даруваат крв на овие крводарителски акции, и помагаат на оние на кои им е најпотребна.

Ги повикуваме сите граѓани на Карпош, и сите останати крводарители од Градот Скопје и Република Македонија, да ја покажат својата хуманост и да се вклучат со дарување на најскапоцената течност.