|

Билатерална средба на АВМУ и НКМ во Приштина: договорено продлабочување на меѓусебната соработка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги и Независната комисија за медиуми на Република Косово (НКМ), денеска, во Приштина, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација, извести АВМУ.

„Претставниците на двете регулаторни тела разговараа за повеќе прашања поврзани со хармонизацијата на домашната регулатива со европската и спроведувањето на обврските што произлегуваат од ревидираната директива за аудиовизуелни медиумски услуги. Посебен фокус беше ставен на начинот на реализација на мониторингот на медиумските содржини во период на изборни процеси.

За време на средбата косовскиот регулатор го претстави и системот за мониторинг на програмските содржини емитувани на радијата и телевизиите и за прием на сигналите на операторите што реемитуваат програмски сервиси.

На крајот на сoстанокот беше констатирано дека билатералните односи се од важно значење и дека ваквата пракса ќе продолжи и во иднина“, соопшти АВМУ.



Слични Објави