БКИЦ: Бугарскиот филм „Чевлите на татко ми“ вечерва на „Киненова“ во Скопје
Бугарскиот филм „Чевлите на татко ми“, во режија на Христо Симеонов, ќе биде прикажан вечерва, 15 октомври, во 20 часот во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во рамките на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
По проекцијата, публиката ќе има можност да разговара со режисерот Христо Симеонов и актерката Валерија Варбанова во сесија со прашања и одговори.
Филмот ја следи приказната на Мима, чиј татко, од кого со години била отуѓена, умира. „Само нејзината мајка може да го идентификува неговото тело, но таа одбива да се соочи со него“, се наведува во објавениот синопсис.
Фестивалот „Киненова“ започна на 14 октомври и ќе трае до 17 октомври.
Билетите за проекцијата се достапни на билетарницата и преку karti.com.mk.
