БКИЦ: Бугарскиот игран филм „Чевлите на мојот татко“ ја освои наградата за најдобро сценарио на „Киненова“
Бугарскиот игран филм „Чевлите на мојот татко“ ја освои наградата за најдобро сценарио на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ во Скопје, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Наградата им е доделена на сценаристите Христо Симеонов и Петар Крумов.
„Тимот на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје им го честита заслуженото признание на сценаристите Христо Симеонов и Петар Крумов и им посакува уште многу успеси“, се наведува во објавата на центарот на Фејсбук.
За најдобар долгометражен филм е прогласен „Вчера моите очи не заспаа“ на Ракан Мајази, а наградата за најдобра режија ја доби Мирослав Терзиќ за „Три недели потоа“.
Фестивалот беше свечено затворен со доделувањето на наградите и проекцијата на „Фантази“, словенечко-македонска копродукција, во присуство на режисерката Кукла Кешеровиќ.
Директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, им се заблагодари на поддржувачите, публиката и филмските автори за нивните филмски приказни.
