| |

Новите возови „Шкода“ веќе сообраќаат меѓу Софија и Благоевград

Новите електрични возови „Шкода“ од серијата 34.00 почнаа да сообраќаат на линијата Софија – Благоевград, а предвидено е да опслужуваат и воз од Петрич до бугарската престолнина, јавува Пиринско.

Првиот нов воз тргна од Централната железничка станица во Софија кон Благоевград на 14 август во 5:20 часот.

Во распоредот се вклучени брзите возови со броеви 5617 и 5621 од Софија за Благоевград и 5620 во обратна насока, како и возот 5616 од Петрич за Софија.

Возовите имаат 333 седишта, климатизација, безжичен интернет, приклучоци за струја и УСБ-порти. Обезбедени се пристапен тоалет и рампи за лица со намалена подвижност, како и места за велосипеди и детски колички.

Новите возови се воведуваат постепено, а нивниот распоред може да се менува во зависност од техничката подготвеност и оперативниот план на Бугарските државни железници.

Слични Објави