Иницијатива за изградба на споменик посветен на бугарските доселеници во Кропивницки, Украина
Кировоградското областно здружение на Бугарите „Нашите луѓе“ работи на поставување споменик на бугарските доселеници во украинскиот град Кропивницки, соопшти претседателот на организацијата, Сергиј Осадчиј, пренесува Радио Бугарија.
Споменикот е планирано да биде поставен пред тврдината „Света Елисавета“ и да им биде посветен на 400 бугарски семејства кои ги напуштиле родните места на Балканот поради османлиската власт. По презимувањето во близина на тврдината во 1773 година, тие ја основале населбата Олшанка на брегот на реката Синјуха.
Предвидено е споменикот да биде обликуван како розетата од Плиска – седмокрак бронзен медалјон од VII–IX век, чиј оригинал се чува во Националниот археолошки музеј во Софија.
Иницијативата е поддржана од украински и бугарски научници и јавни личности, како и од Друштвото за пријателство „Украина-Бугарија“.
Проектот го поддржаа и Друштвото за пријателство „Украина–Бугарија“, именувано по Јуриј Иванович Седих, историчарката Ирина Петренко, проф. Михаил Станчев и Елена Слатинска-Ованезова, поранешна привремена раководителка на Амбасадата на Бугарија во Украина.
