| |

Националниот џез оркестар на Северна Македонија ќе учествува на балкански џез фестивал во Ќустендил, Бугарија

Првото издание на Балканскиот џез-фестивал „Будење“ ќе се одржи на 22 август во паркот пред Уметничката галерија „Владимир Димитров – Мајсторот“ во Ќустендил. Влезот ќе биде бесплатен, јавува Пиринско.

Главни учесници ќе бидат Националниот џез-оркестар од Скопје, предводен од композиторот, аранжер и диригент Владимир Николов, и Биг-бендот на Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ од Софија, под раководство на Михаил Јосифов.

Оркестарот од Скопје ќе ја претстави програмата „Македонски соништа“, инспирирана од фолклорот и обликувана преку современиот џез.

Програмата почнува во 17 часот со балканска музика и отворање на базарот „Живите места“. Настапот на диџеј MOUSTACHE LOVE е закажан за 19 часот, а концертите на двата биг-бенда ќе започнат во 20 часот.

Фестивалот е дел од програмата „Ќустендилско лето 2026“ и се одржува под покровителство на претседателката Илијана Јотова.



Слични Објави