| | |

Блага Димитрова – поетесата што го обележа духовниот и јавниот живот на Бугарија

Блага Николова Димитрова е родена на 2 јануари 1922 година во градот Бeла Слатина, Врачанска област. Таа е бугарска писателка, поетеса, литературна критичарка и политичарка. Во периодот од 22 јануари 1992 до 6 јули 1993 година ја извршува функцијата потпретседател на Република Бугарија, пишува БГНЕС.

Во 1988 година Блага Димитрова е меѓу основачите на невладините организации Комитет за еколошка заштита на Русе и Клуб за поддршка на гласноста и преуредувањето. Добитничка е на бројни литературни награди и признанија, меѓу кои и орденот „Стара планина“ – прв степен.

По повод 100-годишнината од раѓањето на поетесата Блага Димитрова во 2022 година, иницијативен комитет откри спомен-плоча на зградата во која таа живеела во Софија. Плочата се наоѓа на станбена зграда на аголот од улицата „Паренсов“ 33 и булеварот „Васил Левски“.

Од романот „Патување кон себеси“, 1965 година:

„Ако си станал неопходен за другиот, ако си станал неотуѓив дел од воздухот околу него, од неговите мисли, никој не може да те искорне од неговиот живот.“

„Да се живее значи да се чувствува како брзо тече времето низ тебе, како излетува со твоето жешко, забрзано дишење, како извира со потта низ порите на кожата, како се одлева со пецкавите трепети на заморот навечер… како чука со твојот забрзан пулс.“

Слични Објави