Благоевград го одбележа државниот празник 3-ти март
Со свечена програма – огномет, подигнување на државното знаме и положување венци и цвеќиња, општина Благоевград со почеток од 18.30 часот на плоштадот „Георги Измирлиев“ ја започна прославата по повод 145 години од ослободувањето на Бугарија.
Свеченоста се организира заедно со Командата на 3-та бригада на Бугарската армија.
По повод националниот празник на Бугарија – 3ти март, се одржаа голем број придружни манифестации, меѓу кои рецитал насловен „Моја земја, моја Бугарија“, кој се одржа во регионалната библиотека „Димитар Талев“. Изложбата „Симболи на слободата“ е изложена во регионалниот историски музеј во Благоевград.
