| |

142 години по раѓањето на Тодор Александров, дојде време да се пишува и за „втората страна“

По повод 142-та годишнина од раѓањето на Тодор Александров, ви го пренесуваме дел од предговорот на книгата на познатиот македонски историчар Димитар Галев „Тодор Александров од автономија до самостојна држава” издадена во Скопје во 1995 г.

Во делот од предговорот што ви го пренесуваме, а пишуван од самиот автор, се вели дека неговиот ментор ген. Михајло Апостолски го посоветувал да не се однесува пристрасно, да не врши селекција на архивската документација и дека „околу личностите на Тодор Александров, Методија Шаторов, Бане Андреев, Ченто, Тодор Павлов и Кочо Рацин има и “ВТОРА СТРАНА” и сега не е време да се пишува за тоа…“.

Времето да се пишува за „втората страна“ дојде!

“Идејата да се зафатам со пишување на една мала публикација, за животот, како и за интелектуално-дипломатскиот и револуционерниот опус на Тодор Александров, е и дамнешна и сегашна. Кога велам дамнешна, мислам на времето меѓу 1976-1979 година, а кога велам сегашна мислам на посткомунистчкото време во Република Македонија, меѓу 1991-1994 година….
Кон средината на 1978 година за сите противоречија со кои се среќавав и соочував за време на истражување на просторот и во архивите, ги консултирав менторите: Генералот Михаило Апостолски и проректорката на Универзитетот во Скопје – професорката Славка Фиданова…

Во разговорот со генералот Михаило Апостолски настапив апла, го информирав за се во ситници, особено за реакциите на современиците околу личноста на Тодор Александров, тој трпеливо ме ислуша и ми укажа прво да не се однесувам пристрастно и насочувачки за време на анкетирање на сведоците на теренот, второ да не вршам селекција на архивската документација по однапред стокмени заклучоци и трето околу личностите на Тодор Александров, Методија Шаторов, Бане Андреев, Ченто, Тодор Павлов и Кочо Рацин ми рече дека има и “ВТОРА СТРАНА” и советодавно додаде дека сега не е време да се пишува за тоа…

…Документирано разбрав и сфатив дека Александров бил, е, и ќе биде непријател број 1 за вештачки стокмената Југословенска томбола на чело со Јосип Броз…Пред се за значајни историски настани во историската наука во Република Македонија со непишан декрет, место факти одомакена беше игра на зборови: врховисти-централисти, левичари-десничари, автономисти-врховисти, фашисти-прогресивни сили, за и против БКП, за и против КПЈ и слично на тоа, и се заедно југословенската партиска пирамида по 1947 година, успеала да в.макне во училиштата во Република Македонија, учебници по историја според српско видување, во чие средиште место вистинскиот Македонец, поставен е македонецот на Стојан Новаковиќ, исклесан исклучиво на анти-бугарски и анти ВМРО-овски позиции…

Не е срамно да се каже дека вистината за Тодор Александров, беше а за некои и се уште е една от табу темите на македонската историја..

Основоположниците на Р.О. се бореја за идеалот-автономија на Македонија во границите на Турската империја, како етапа, а Тодор Александров и неговите следбеници се бореа за повисок идеал за Независна и обединета Македонска држава, разбирливо како продукт за времето и условите…Има и втора разлика меѓу основоположниците на ВМРО и Тодор Александров. Пушката на првите во основа беше насочена против вековниот угнетувач на Македонија – Турскиот спахиски систем, додека пушката на Александров за цело време по Балканските војни беше насочена против српско-грчките окупатори на Македонија; А, бидејки борбите што ги водел македонскиот народ против Срби, Грци и Турци, не се вреднувани со ист аршин во српската и македонската историја, останува пак да се препофтори дека, Тодор Александров беше, е и ќе биде, непријател број 1 за вештачки исконструираната Југословенска пијавица, по Версај 1919 година на чело со Династијата Караѓорѓевци и по 1945 година на чело со Јосип Броз…“

Целиот предговор и самата книга „Тодор Александров од автономија до самостојна држава” можете да ја прочитате во Библиотека Струмски на следниот линк.

Слични Објави