Русија го зајакнува својот воен потенцијал долж нејзините западни граници

/

„Русија ги зајакнува своите воени капацитети на западните граници за да ја гарантира својата безбедност“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС и Ројтерс.

Песков ова го изјави на „Белорусија-1“, една од државните телевизии на Белорусија, западен сосед и сојузник на Русија.

„Путин му наложи на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да развие план за зголемување и зајакнување на воениот потенцијал на земјата на нејзините западни граници, а работата е во тек“, изјави неговиот портпарол.

Песков истакна дека целта е „да се одржи потребниот паритет во сè, за на никој да не му падне на ум… да нѐ нападне“.



„Минатиот месец рускиот претседател му наложи на министерот за одбрана да подготви извештај за зајакнување на западните граници на земјата во врска со активностите на НАТО. Пред тоа, Путин постојано го привлекуваше вниманието на проширувањето на НАТО до руските граници“, пренесува ТАСС.

Извор: Temite

Претходна статија

Русија бара да се укинат санкциите за да продолжи вселенската соработка

Следна статија

Ова е граничен премин кон Бугарија, Пекевски вели сон на генерации е овој премин да се отвори

Најново од Вести