Ова е граничен премин кон Бугарија, Пекевски вели сон на генерации е овој премин да се отвори

/

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски по враќањето од Сандански, Р. Бугарија каде со претставници на Зааедницата на Општини присуствуваше на дводневниот состанок во рамки на ИПА програмата истакна дека Клепало е стратешки проект на програмата 2021-2027 со обезбеден буџет од 10 милиони евра.

Тој порача да не се експлоатира прашањето за изградба на Граничниот премин Клепало се додека не отпочнат активности кои ќе ја вратат довербата кај населението за негово отворање

-Бидејки ова прашање е пласирано во последните 30 години, ценам дека се додека не почнат активностите кои ќе ја вратат довербата на нашето население дека конечно ќе имаме отворање на Граничен премин и отворање кон Европа, не треба да го експлоатираме тоа прашање, бидејки низ годините наназад имаше премногу ветувања, а многу мала реализација, рече Пекевски.

Додаде дека искрено верува во реализацијата на тој процес, потенцирајки дека со отворањето на Граничниот премин Клепало ќе се оствари сонот на многу генерации беровчани.

-Знаете дека наш сон на генерациите е тој премин да биде отворен, и секако Берово да има можност, а да не биде последна општина на границата туку да има врата кон Европа и да има поголема фреквенција на луѓе, стоки и услуги што ќе создаде подобра локална економија и секако подобра благосостојба на граѓаните. Секако ќе влијае и позитивно на овие негативни трендови со бројките од пописот и трендот на иселување на младите во изминатите години, додаде Пекевски.



На состанокот, како што додаде Пекевски беа презентирани и останатите ИПА проекти преку кои Берово изминатиот период бележи врвни унапредувања на општествените процеси. 

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Русија го зајакнува својот воен потенцијал долж нејзините западни граници

Следна статија

Одбележан денот не пешадискиот баталјон, Петровска: Вие сте нашата одбрана, вие сте гордоста

Најново од Вести