|

СВЕТСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ СО ОСУДА ЗА ЕДИ РАМА: ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ ВЕДНАШ!

Алијансата на конзервативци и реформисти (АКРЕ) која после Интернационалната Демократска Унија (ИДУ) е втора најголема центар-десно глобална политичка фамилија, на својот последен состанок на извршното тело ги осуди изборите во Албанија и ги класифицираше како комунистички и анти-демократски. Висок степен на криминал, купување на гласови, висок степен на корупција, недостаток на правна држава како и не превземање на никакви институционални мерки во однос на изборен криминал (меѓународно познат факт за Албанија), се само дополнителен доказ зошто Алијансата на конзервативци со целата политичка мрежа и групации вклучувајќи ја и ЕКР групата во Европскиот парламент, застанува зад поддршка на опозицијата во Албанија за организирање на фер и демократски избори. АКРЕ во својата декларација повика на одржување на фер и демократски избори. На состанокот беа присутни делегати од македонските конзервативци, Стефан Василевски и Александар Богоевски. Во прилог, одлуката на АКРЕ од нивниот последен состанок.



Слични Објави