| |

Благоевград се поклони пред ликот и делото на Георги Измирлиев-Македончето

Со положување свежо цвеќе вчера во Благоевград беа одбележани 147 години од смртта на истакнатиот бугарски револуционер Георги Измирлиев – Македончето.

Свежо цвеќе и венци пред неговата биста-споменик, лоцирана на истоимениот плоштад во регионалниот центар, положија претставници на администрациjaта во општина Благоевград, претставници на Регионалната библиотека „Димитар Талев“, ДФ „Георги Измирлиев – Македончето“, „Движењето – Ние жените“ и претставници на ЈЗУ „Неофит Рилски“.

Георги Измирлиев е роден на 21 април 1851 година во градот Горна Џумаја во семејството на Димитар Измирлиев и Тона Икономова. Во 1976 година, во родниот град на револуционерот, денешен Благоевград, неговата родна куќа е претворена во куќа-музеј „Георги Измирлиев-Македончето“

Георги Измирлиев се вклучил во подготовката на Априлското востание како помошник апостол на Трновскиот револуционерен округ. Во екот на подготовките бил фатен по предавство и осуден на смрт со бесење. Казната била извршена на 28 мај 1876 година, во градот Горна Орјаховица.

Слични Објави