БЛУМБЕРГ: ПОСТОИ МОЖНОСТ ЕРДОГАН ДА ИСПРАТИ ВОЈСКА ВО ЛИБИЈА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган посочи дека се подготвува да распореди турски трупи во Либија за поддршка на меѓународно признатата влада во Триполи, јавува Блумберг.
Ердоган замина во Тунис на 25 декември во неочекувана посета, што веројатно ќе вклучува состаноци со членовите на владата на соседна Либија.
Турскиот претседател рече дека неговите средби со либискиот премиер Фајез ал Сарај, треба да се сметаат за „предупредување за чекорите што можат да се преземат“.
„Турција веќе преговара со либиската влада за евентуално распоредување на трупи за поддршка во борбата против Калифа Хафтар, бунтовничкиот командант на кој нема политички легитимитет“, рече Ердоган.
„Ако има покана, секако ќе ја разгледаме“, рече Ердоган за време на заедничката прес-конференција со новиот претседател на Тунис, Кејс Сајед.
