БОГАТСТВОТО НА СУПЕРБОГАТИТЕ КИНЕЗИ СЕ ЗГОЛЕМИЛО КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА

Кинеските богаташи со имот од над една милијарда долари годинава станале уште многу побогати. Нивното богатство, имено пораснало за дополнителни 1,5 трилиони долари- повеќе од збирот од последните 5 години…

Овие податоци се наведени во најновиот извештај Хурун објавен вчера. Според овој извештај до август годинава биле регистрирани 257 нови милијардери во Кина, со што бројот на супербогати во земјата се искачи на 878.

Извештајот Хурун секоја година го објавува истоимената издавачка куќа ; Како резултат на глобалната пандемија на коронавирусот, особено пораснала трговијата преку интернет. Според извештајот, основачот на онлајн-концернот Алибаба, Џек Ма е на врвот на листата на супербогати. Според Хурун, неговото богатство пораснало за 45 проценти на 58,8 милијарди долари – трговијата преку интернет цути во корона-кризата.



Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Deutsche Welle