„НОКИА“ ЌЕ ИНСТАЛИРА 4Г МРЕЖА НА ПОВРШИНАТА НА МЕСЕЧИНАТА

Финската компанија „Нокиа“ објави дека постигнала договор со НАСА за инсталирање на безжична 4Г мрежа на површината на Месечината, како дел од американските планови за воспоставување долготрајно човечко присуство на Месечината до 2030 година.

Договорот вреден 14,1 милион долари е дел од програмата „Артемис“, во рамките на која НАСА ќе испрати маж и жена на Месечината во 2024 година. Астронаутите ќе почнат да спроведуваат детаљни експерименти и истражувања, кои би требало да помогнат да се развие тамошната прва постојана база.

„4Г мрежата ќе се инсталира од далечина со помош на посебно возило на крајот на 2022 година. Таа самата ќе се конфигурира по поставувањето“, соопшти „Нокиа“.



Опремата ќе може да се надгради во супербрза 5Г мрежа во иднина.



Претходна статија

ПИКАНТНИ ДЕТАЛИ ОД ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ НА ГЕНИЈАЛЕЦОТ ГЕТЕ

Следна статија

(ВИДЕО) ТЕТКА КОСАРА ОД ГЕРМАНИЈА ДА ДОЈДЕ ДА ГО ОДБРАНИ ГОЦЕ ОД „КЛЕТИТЕ ТАТАРИ“

Најново од Магазин

(Видео) Мајор од ОЗНА од кратовското село Филиповци раскажува за времето после 6 април 1941 г.: Германците дојдоа и си заминаа, Бугарите не вршеа убиства и малтретирања, партизаните ги знаевме како шумкари

„Населението кај нас нема претрпено многу страдање после 6 април 1941 година. Германците дојдоа во Македонија,